Cashmere's softness

… not warm winter

ДоброВенајдов..

Онака поради тоа што сум културна и што ги поздравувам познаниците на улица, ќе ве поздравам и вас непознаници. Вие ќе ме запознаете мене, односно мојата внатрешност, мојата празна внатрешност. Затоа, здраво.

Здраво до оние кои што ќе прочитаат дел од моите душевни бладања, до оние кои што веќе удобно се навлезени во овие води… Дојдов јас, да доставам зачин во манџата, дојдов јас, да ја заматам водата.

И да, умешна сум со овие Здраво постови. Напоменав погоре и културна. Но умешна, поради тоа што мојата појава не го сефтосува овој портал. Да, бев лојална.. некогаш. Се додека не ја сменија платформата. Е тогаш пуф, ме снема.

Пак сум тука да ја потам, мрсам тастатурата и секако да истурам трошки врз неа. Да го кочанам грбот пред монитор, да се мрзнам од мрза да ја уклучам греалката, затоа што сум се внела целосно во
(о)пишувањето.

Не очекувам да ме прифатите, не очекувам да се уходам. Јас не сакам промени. Јас се хранам од дифолтот.  Се надевам дека ќе ве удостојам со некоја моја приказна. Се надевам дека ќе можам конечно да се отворам, душевно. Се надевам дека веќе ја пронајдов, повторно, мојата виртуелна катарза.

Во продолжение… мојата песна, од мојот омилен бенд.

YouTube Preview Image